петок, 18 октомври 2024

Познати номинациите за годинешните оскари

Објавено на

часот

Сподели

Мерил Стрип е номинирана за оскар за најдобра глумица на годинешново доделување оскари.

Двојната добитничка на оскар е номинирана за нејзиното портретирање на британската премиерка Маргарет Тачер во филмот „Железната леди“ на режисерката Филида Лојд.

Мерил, на која ова ѝ е 17-та номинација, ќе се „бори“ со Глен Клоуз, Руни Мара, Мишел Вилијамс и Виола Дејвис.

Џорџ Клуни е номиниран за два посебни оскара, прво за неговата изведба во „Наследниците“ и второ за најдобро адаптирано сценарио со „Мартовски иди“.

Во категоријата најдобар глумец конкуренција му се Бред Пит, Гери Олдман, Жан Дужарден и Демијан Бичир.

Девет филма се во конкуренција за најдобар филм: „Воениот коњ“, „Уметникот“ „Манибол“, „Наследниците“, „Дрвото на животот“, „Полноќ во Париз“, „Помошта“, „Хуго“ и „Екстремно гласно и неверојатно блиско“.

Во категоријата за најдобра машка споредна улога се Кенет Брана, Џона Хил, Ник Нолти, Кристофер Пламер и Макс фон Сидоу.

Водител на годинешното доделување ќе биде Били Кристал.

Меѓу изненадувањата на годинашниве номинации се отсуството на Мајкл Фасбендер во „Срам“ и двете можни награди за можеби најдобрата комедија на 2011 „Деверуши“ – најдобра женска споредна улога за Мелиса Мекарти и за оригинално сценарио.

Осумдесет и четвртото доделување оскари ќе се одржи во театарот Кодак во Холивуд на 26 февруари.

 

 

Листа на номинациите во најглавните категории на 84-тото доделување оскари:

 

Главна машка улога

Демијан Бичир во „Подобар живот“

Џорџ Клуни во „Наследници“

Жан Дежарден во „Уметникот“

Гери Олдман во „Шпион во пензија“

Бред Пит во „Манибол“

 

Споредна машка улога

Кенет Брана во „Мојата седмица со Мерилин“

Џона Хил во „Манибол“

Ник Нолти во „Воин“

Кристофер Пламер во „Почетници“

Макс фон Сидоу во „Екстремно гласно и неверојатно блиско“

 

Главна женска улога

Глен Клоуз во „Алберт Нобс“

Виола Дејвис во „Помошта“

Руни Мара во „Девојчето со змејска тетоважа“

Мерил Стрип во „Железната леди“

Мишел Вилијамс во „Мојата седмица со Мерилин“

 

Споредна женска улога

Беренис Бежо во „Уметникот“

Џесика Честеин во „Помошта“

Мелиса Мекарти во „Деверуши“

Џенет Мектир во „Алберт Нобс“

Октавија Спенсер во „Помошта“

 

Анимиран долгометражен филм

„Мачка во Париз“, Алан Гегнол и Жан-Луп Феличиоли

„Чико&Рита“, Фернандо Труеба и Хавиер Марискал

„Кунг фу панда 2“, Џенифер Ју Нелсон

„Мачорот во чизми“, Крис Милер

„Ранго“, Горе Вербински

 

Најдобра режија

„Уметникот“, Мајкл Хазанавичиус

„Наследници“, Александар Пејн

„Хуго“, Мартин Скорсезе

„Полноќ во Париз“, Вуди Ален

„Дрвото на животот“, Теренс Малик

 

Најдобар филм

„Уметникот“

„Наследници“

„Екстремно гласно и неверојатно блиско“

„Помошта“

„Хуго“

„Полноќ во Париз“

„Манибол“

„Дрвото на животот“

„Воен коњ“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ