сабота, 19 октомври 2024
Министерство за правда

Пожарот во кумановскиот суд откри дека од 1971 нема континуирано архивирање на предмети

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска соопштија од МП било констатирано дека судската архива е сместена во подрумските простории, архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година и нема континуирано архивирање на предмети.

„Овој проблем се провлекува со децении и е констатиран уште со првиот надзор кога судот бил задолжен да започне со архивирање. Претседателот на судот се задолжува да постигне договор со архивот и да се продолжи со натамошно архивирање“, се наведува во соопштението.

За време на надзорот од страна на ВД претседателот на судот, се додава во соопштението од МП, била истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата.

„Комисијата смета дека внатрешната организација е работа на судот, а архивирањето на предметите е обврска која мора да се почитува“, стои во денешното соопштение од МП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ