ЦУК информира и дека денеска од 12 до 17 часот, планирано е минирање на локалитетот „Сладун“ во општина Прилеп. Додека, на каменоломот „Говрлево“, општина Сопиште, од 10 до 15 часот. Според најавите, ќе има повеќе детонации, што ќе се почувствуваат и слушнат во околината.
Изминатите 24 часа, ЦУК евидентирал 1.707 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од нив како „реални“ биле категоризирани – 58,06 отсто, а 41,94 проценти, за други потреби на граѓаните.
Кон полицијата биле упатени 67,73 отсто, кон Итната медицинска помош – 25,53 проценти, а кон пожарникарите – 2,48 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.