сабота, 2 ноември 2024

Пожари во Македонија, во Свети Николе најкритично, пожарот кај Маркови кули е под контрола

На територијата на Свети Николе фронтот на огнот е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност. Пожарот над Прилеп е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Во Свети Николе на терен се пожарникарите, а во приправност има доволен број на припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта спасен бил  манастирот. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат, велат од ЦУК и додаваат дека има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка засега не е потребна.

Вчера на територијата на цела држава регистрирани беа 42 пожари на отворено и шумски пожари, од кои 17 се активни, 4 се под контрола, а 21 е изгаснат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ