сабота, 19 октомври 2024

Пожар во подрумот на судот во Куманово каде се чува судска архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) пожарот избувнал по 1 часот по полноќ.

„ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 1,35 часот . Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е уште е на терен“, соопштува РЦУК.

Дека има пожар во зградата потврдија и вработени во судот и во другите институции на кои утринава им било кажано да не доаѓаат на работа, бидејќи нема услови за работат поради пожарот.

Претседателката на судот Снежана Манев вели дека противпожарните екипи сè уште се на терен.

„Според првичните информации зафатена е една просторија каде има стари, завршени предмети. Ќе почекаме да завршат екипите на Противпожарна единица и после увидот на полицијата ќе кажат од што настанал пожарот. Ќе информираме за причините, судот денеска нема да работи. Електричната енергија е исклучена, изјави претседателката на Судот,

Засега не е јасно што е причината за пожарот.

Во истата зградата се наоѓа и Основното јавно обвинителство – Куманово, како и неколку јавни претпријатија. Блиску до судот се и полициската станица и зградата на Општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ