петок, 1 ноември 2024

Пожар меѓу штипско-карбинските села Судиќ, Горно и Долно Трогерци

Штипските пожарникари со три возила гаснат пожар на отворено меѓу штипските села  Судиќ, Долно и Горно Трогерци. Командирот на ТППЕ-Штип Благој Ренџов вели дека пожарот е предизвикан од стрниште, кое е намерно запалено и оставено, по што огнот се прошил на сува трева и нискостеблеста шума.

Објавено на

часот

Сподели

„На терен се девет пожарникари, кон две трла кон селото Горно Трогeрци спречено е ширењето на пожарот. Станува збор за голема површина меѓу селата Судиќ, Долно и Горно Трогерци. Изминатите денови секој ден имаме по три до четири пожари на отворено, стрништа. Синоќа во селото Крупиште исто од пожар на стрниште успеавме да спасиме свињарска фарма, вели Ренџов за МИА.

Тој упати апел до земјоделците да не ги палат стрништата бидејќи поради ветерот огнот неконтролирано се пренесува на сува трева, шума, а  може да  се доближи и до објекти.

Според Ренџов, во текот на оваа недела имале голем број на пожари на отворено во штипско-карбинскиот регион. Деновиве земјоделците ги палат стрништата и ги оставаат неконтролирано да горат, со цел да ги подготват своите ниви за сеидба на пролетните земјоделски култури, како и на оризот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ