Македонскиот репрезентативец имал скинати мускулни влакна на ногата, повреда за која треба да биде во аут шест недели.
Со оглед на тоа што во Бундеслигата има и пауза околу божиќните празници, значи дека Елмас нема да се врати пред крајот на оваа година.
Тој досега не се изнаигра во дресот на Лајпциг, па чести беа шпекулациите дека во јануари би можел да биде пратен на позајмица или продаден доколку има заинтересирани купувачи.
Ако во меѓувреме биде постигнат договор со некој клуб за преселба на Елмас во јануари, тоа ќе значи дека тој веќе го одигра последниот меч за Лајпциг.