Сите непрaвилности, како што е наведено во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител, граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24 април и 8 мај.
Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.
„Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните, ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните“, се наведува во соопштението.