среда, 27 ноември 2024

Повеќе од 50 ракети беа лансирани од Либан кон северен Израел, Хезболах ја презеде одговорноста за нападот

Повеќе од 50 ракети беа лансирани од Либан во регионот на Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северен Израел, во текот на ноќта, соопшти денеска израелската армија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Околу 20 ракети биле истрелани во текот на ноќта, според ИДФ, повеќето ракети биле пресретнати од противвоздушната одбрана, но една зграда во Кирјат Шмона била погодена и оштетена.

Во раните утрински часови од Либан биле истрелани уште 30 ракети, од кои некои биле пресретнати, додека останатите погодиле отворени области, пишува Тајмс оф Израел.

Во нападот нема повредени.

Либанската милитантна група Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, повикувајќи се на израелскиот напад врз градот Фрун, во кој загинаа тројца болничари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ