Одделот за заштита на природата (ДОК) соопшти дека повеќето од китовите биле вратени во морето и испливале, но три возрасни китови и едно младенче угинале. Во текот на ноќта не е забележано повторно насукување.
Акцијата за спасување ја предводеше локалната маорска група Патухаракеке, на која им се придружија властите и други граѓани.
Насуканите китови се природен феномен кој сè уште е необјаснет, а Нов Зеланд има една од највисоките стапки на вакви настани во светот.
Four pilot whales died when a pod of up to 40 whales were stranded on a beach in New Zealand’s North Island. The remaining whales were refloated and redirected back to the sea by the volunteers pic.twitter.com/hbjD4dZstR
— Reuters (@Reuters) November 26, 2024
Китовите биле вратени во морето така што биле кренати на платнени церади.
Членовите на групата Патухаракеке останале на плажата во текот на ноќта за да се погрижат спасените китови повторно да не се насукаат.
ДОК – кој е задолжен за управување со спасувањето на насуканите морски животни – го нарече спасувањето „неверојатно бидејќи сите се здружија за да им помогнат на китовите“.
„Неверојатно е да се види вистинска грижа и сочувство што луѓето ги покажаа за овие прекрасни животни“, рече менаџерот за операции на ДОК, Џоел Лаутербах.
Тој им се заблагодари на сите учесници, вклучително и на групата Патухаракеке и Проект Џона, организација која обезбедува помош за насукани морски цицачи, како и „стотината граѓани кои досега помогнаа“.
Во оваа земја вообичаено се насукаат китови и делфини. Во просек, ДОК реагира на околу 85 такви случаи годишно, главно насукување на поединечни животни.