вторник, 23 јули 2024

Повеќето рурални жени не се запознаени со општите политики за справување со прашањата кои се од нивно значење

Објавено на

часот

Сподели

Проектот се спроведуваше две години, од мај 2021 до јуни 2023 и во него беа вклучени 400 жени-земјоделки.

Според анализата, 99 отсто од руралните жени се запознаени со директната финансиска поддршка во земјоделството и со политиката за рурален развој, голем дел од нив немаат проблем да дојдат до информации, но многу мал процент учествуваат во креирањето нови мерки. 

„Најголем дел од интервјуираните жени, 78,8 проценти, се информирани за мерката „Рурална жена“. Вкупно 72 отсто од нив се пријавиле за мерката, 43 проценти се нејзини корисници, 12 отсто се одбиени, 11 проценти рекле дека не можат да ја искористат поради зголемени цени и долг рок на плаќање, додека девет отсто се изјасниле дека немаат доволно финансиски средства за инвестицијата. Со мерката „Млад земјоделец“, пак, се запознаени 42,4 отсто од жените, но се пријавиле четири отсто, а со мерката „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“ се запознаени 27,7 отсто и за неа се пријавиле само три проценти“, беше речено на презентацијата на резултатите од истражувањето спроведено во рамки на проектот.

Во однос на политиките, земјишна, даночна, инвестицико-кредитна и за организирање на пазарите, руралните жени се генерално согласни дека треба да се воведе родово одговорна мерка.

„Вкупно 99 отсто од интервјуираните жени се запознаени со директните плаќања, 94 проценти од нив не учествуваат во дефинирање на потребите од нови мерки, а шест отсто индиректно учествуваат преку членување во асоцијации, здруженија, задруги или преку членство во работни групи во МЗШВ. И со политиката за рурален развој се запознаени 99 отсто од интервјуираните жени, но 94 отсто од нив не учествуваат во дефинирање на потребите од нови мерки, а шест отсто, исто како и за субвенцииите, индиректно учествуваат преку членување во асоцијации, здруженија, задруги или преку членство во работни групи во МЗШВ“, се наведува во анализата.

Повеќето рурални жени, како што покажуваат резултатите, не се запознаени со општите политики за справување со прашањата кои ги тангираат токму нив, вклучувајќи го дури и Законот за земјоделство и рурален развој, но, од друга страна, се запознаени со програмите од кои најчесто имаат најголем бенефит – програмите за директна финансика поддршка, рурален развој и ИПАРД.

Од интервјуираните жени, доминирале оние со средно образование, 59 отсто, во однос на тие со високо, 21 процент.

Клучната препорака до надлежните институции е да се евалуираат почесто имплементираните политики за да се воочат ефектот и придобивките.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, евидентен е прогресот во однос на родовата еднаквост во секторот, а тоа го потврдува и Единствениот регистар сапоред кој, жени се носители на 5.000 нови земјоделски стопанства.

„Свеста во општеството се менува и руралната жена станува активен учесник во општествените случувања, давајќи силен придонес при креирањето на мерките и политиките. За овие неколку години, заедно направивме многу и ќе продолжиме понатаму, да го подигнеме нивото на вклученост на жените земјоделки во општествените активности за што поголема родова еднаквост. Со Телото на обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ФЗНХ и Националната федерација на фармери, пред неколку години почнавме да работиме на унапредување на статусот на руралната жена во општеството. Во 2019 година ја потпишавме Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини. Ова ја означи нашата силна определба  да им бидеме силна поддршка на руралните жените и тоа го остваривме. Заедно ја креиравме мерката 115 („Рурална жена“ и прв пат во 2021 година 250 жени земјоделки добија грант до 3 000 евра, како и ветување дека двојно ќе ја зголемиме поддршката. Тоа и го направивме. Минатата година доделивме 70 договори за грант до 6 000 евра по корисник, а оваа мерка продолжува и понатаму“, потенцира Николовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ