Бајкова во моментот на падот била со 34-годишен пријател по име Андреј, објави База. Мажот рекол дека Бајкова го повикала на пијачка во нејзиниот стан и дека излегла на балконот пред да падне. Нејзината смрт сѐ уште е под истрага.
Бајкова е последната во низата руски директори што загинаа паѓајќи од прозорците на згради, што стана сомнителен тренд, вели Дејли мејл.
Ден Рапопорт, познат критичар на Владимир Путин, кој беше протеран од Русија, беше пронајден мртов откако скокна од својата луксузна станбена зграда во Вашингтон минатиот август во, наводно, самоубиство, што неговата сопруга го негираше.
Неколку недели подоцна директорот на рускиот нафтен гигант Лукоил Равил Маганов падна од прозорец на шестиот кат во болница во Москва и почина. Пред неговата смрт, Лукоил беше гласен критичар на Путин и руската инвазија на Украина.
Потоа, во декември, креативниот директор на ИТ-компанија Григориј Коченов почина скокајќи од балконот на својот стан додека руските власти го претресуваа станот. Истиот месец, руски тајкун што се збогати со продажба на колбаси загина паѓајќи од прозорец на хотел во Индија, само два дена откако неговиот пријател, исто така од Русија, почина во истиот хотел. Руски тајкун со недвижности, исто така, фатално падна по скалите додека беше на француската ривиера во декември.
А токму во почетокот на овој месец, федералниот судија Артјом Бартенев падна од 12-тиот кат од својата станбена зграда и беше прогласен за мртов на местото на настанот. Околу повеќе од 20 руски функционери и олигарси починале под мистериозни околности само во 2022 година, објави Атлантик, нарекувајќи го овој тренд „синдром на ненадејна руска смрт“.