Со испраќањето на ова барање во износ од 52,5 милиони евра, додаваат оттаму, Македонија станува првата земја во регионот која ги презема сите неопходни чекори за претфинансирање во рамките на новиот европски финансиски механизам.
„ Европската Унија предвидува седум проценти од вкупните средства од Планот за раст на Европската комисија за сите партнери од Западен Балкан, по усвојувањето на нивните реформски агенди, обезбедувајќи ги средствата како претфинансирање. Оваа финансиска програма, со вредност од шест милијарди евра, ги опфаќа годините 2024-2027 и има за цел двојно да го зголеми економскиот раст на регионот во наредните десет години“, појаснуваат од Министерството за европски прашања.
Од оваа институција нагласуваат дека остануваат посветени на ефикасното искористување на достапните средства за поддршка на европските интеграции и економскиот развој на земјата.