среда, 27 ноември 2024

Потона сплав во Белград, евакуирани над 100 лица

Сплавот Картел во Нов Белград потона ноќта меѓу саботата и неделата, во таа прилика се повредени неколку лица. Некои измрзнале од пливање во студената вода, некои биле повредени во тепачката што и претходела на несреќата на сплавот, според досегашните информации се сомнева дека до потонувањето дошло откако се скршил мостот што го поврзува сплавот со брегот.

Објавено на

часот

Сподели

Во моментот на несреќата, на сплавот имало голем број претежно млади и малолетни лица, кои скокнале во водата и се обиделе да се евакуираат на кејот Сава и на тој начин да се спасат. За среќа нема посериозно повредени, станува збор претежно за премрзнатини и повреди здобиени како последица од бегството од сплавот.

Првично беше соопштено дека на блискиот сплав биле евакуирани 30 лица, но подоцна началникот на Одделот за вонредни состојби на српската полиција соопшти дека се евакуирани вкупно 114 лица.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу половина час по полноќ добиле дојава дека сплавот тоне и дека има луѓе во водата.

Итната помош потврдила дека се започнало со дојава за тепачка на сплав, пренесува РТС.

Од полицијата велат дека има индиции дека дошло до тепачка, но дека истрагата ќе ги утврди сите детали.

„Според тоа, ќе бидат преземени сите законски мерки“, изјави Лука Чаушиќ, раководител на Одделот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како дошло до потонувањето ќе се знае во наредните денови, додаде Чаушиќ.

На почетокот на оваа година, исто така во Белград, потонал сплавот Фристајлер, познат по големите ноќни забави.

Пред неколку недели нешто слично се случило и во Смедерево, град на Дунав на околу 60 километри од Белград, кога гостите се движеле низ водата додека сплавот во кој биле почнал да тоне.

Првото основно јавно обвинителство во Белград покрена постапка за утврдување на причините за потонувањето на сплавот Картел, како и за расветлување на настаните кои му претходеа и утврдување кривична одговорност.

Дадена е и наредба до надлежните инспекции да утврдат дали сплавот ги имал сите потребни дозволи и дали бројот на лица кои го посетиле сплавот е во согласност со прописите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ