сабота, 19 октомври 2024
Реакција по прес-конференцијата на Фијат Цаноски

Постапувањето по предметот ТНТ е во согласност со одредбите на ЗКП, велат од Апелацискиот суд

По денешната прес-конференција на бизнисменот Фијат Цаноски, на која тој обвини дека апелациски судија намерно сака да го застари предметот ТНТ и тој да ја загуби отштетата од 11 милиони евра, скопскиот Апелациски суд реагира со соопштение во кое се вели дека досегашното постапување по предметот е во согласност со одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП) и ги кани медиумите да ја проследат за утре закажаната јавна седница на барање на странките. 

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели:

„Во врска со наводите истакнати на прес конференција одржана од страна на ТД ФИНЕ Скопје, Апелациониот суд Скопје, во интерес на вистината и објективното и транспарентно информирање на јавноста во врска со постапувањето на судечкиот совет по посочениот предмет КОКЖ-157/22, во јавноста познат како ТНТ ги презентира следниве факти:

По одржаната јавна седница на ден 8.5.2023 година, во тек на процесот на донесување на одлука, членовите на советот разгледувајќи ги жалбите на повеќе заседанија, се впуштија во оцена на основаноста на жалбените наводи, а со оглед дека се работи за обемен и комплексен предмет, со огромен број докази, и пред мериторно одлучување, поради констатираните неусогласености помеѓу записникот за советување и гласање на првостепениот суд  и изворникот на првостепената пресуда со писмениот отправок на изготвената пресуда во делот на изречената казна на еден од обвинетите, како и во делот на засметување на притворот во изречените казни, на заседанието одржано на ден 11.7.2023 година, членовите на судечкиот совет одлучиле предметот со сите списи административно да се врати на првостепениот суд заради отстранување на горенаведените неусогласености кои претставуваат процесна пречка за донесување на второстепена одлука.

Првостепениот суд постапувајќи по административното враќање на списи на овој суд, на 1.9.2023 година донел Решение за исправка коешто е експедирано до странките  на 11.9.2023 година. По комплетирање на списите на предметот на ден 5.10.2023 година, истиот повторно е доставен до Апелациониот суд Скопје, по што на 6.10.2023 година е испратен на мислење по изјавените жалби на пресудата до Вишото јавно обвинителство Скопје, чиј предлог е примен во Судот на 12.10.2023 година, по што веднаш е закажана јавна седница за ден 6.11.2023 година, на барање на странките.

Досегашното постапување од страна на судечкиот совет е согласно одредбите од ЗКП и во овој момент, поради закажаната јавна седница, други детали за предметот не може да се изнесат во јавност.

Поради зголемен интерес на јавноста, Апелациониот суд Скопје ќе обезбеди услови за следење на седницата за заинтересираната јавност и медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ