Состојки: (за 15 парчиња)
– 1 мала главица кромид
– 1 парче праз
– 2-3 лажици масло
– 1 лажичка црвен пипер
– 20 кафени лажички ориз по ваш избор
– по вкус: сол, лут мелен пипер, ситно сечкани ореви, лук, бибер,…
– 15 листови кисела зелка (плус за обложување на тавата)
На врело масло пропржете ги ситно исечканите кромид и праз додека не омекнат и поруменат. Додадете црвен пипер, пропржете неколку секунди, па измешајте го измиениот ориз и сите останати зачини.
Исчистете ги жилите од листовите на зелката и свиткајте ги сармичките на вообичаен начин. Во зависност од големината на листовите, ставете една полна лажичка фил или повеќе.
Се редат една до друга во тавче или тенџере обложено со листови зелка.
Се покрива со листови зелка, се прелива вода да се покрие и се вари додека зелката не омекне.