петок, 18 октомври 2024

После бугарски и украински, романот „Јамболија што лае“ преведен и на босански јазик

Објавено на

часот

Сподели

Издавач е БХ „Планјакс” од Тешањ, а Нове Цветановски, директор на „Македоника литера“ од Скопје, која го објави оригиналното издание, во рецензија напиша дека Киро Донев е автор со докажана висока естетска вредност во современата македонска детска литература.

Книгата „Јамболија што лае” е роман во кој животните зборуваат, а главни ликови се миленичиња-куче и мачка, но и пензиониран зоолог, неговата жена учител и нивниот внук. Во овој роман се се случува помеѓу спиењето и реалноста. Авторот им дарува на децата фантазија, весел креативен дух и здрава чувствителност.

Романот го преведе Жарко Милениќ, кој е најактивниот преведувач од македонски јазик и ова е десетта книга што ја превел од нашиот јазик.

Книгата е објавена со помош на Министерството за култура на Македонија, a претходно е преведена и објавена на бугарски и украински јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ