петок, 1 ноември 2024

Посебни безбедносни мерки за Палевски во затворот во Шутка

Одделна ќелија до која се доаѓа преку посебен ходник, посебна храна, немање контакт со други притвореници… ова се само дел од мерките кои управата на Казнено поправната установа затвор Скопје ги презеде откако вчера од Турција во Македонија беше екстрадиран Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за двојно убиство.

Објавено на

часот

Сподели

Целта е да се обезбеди максимална безбедност за време на неговиот 30-дневен притвор во овој затвор, велат од управата за затворот.

Зголемено е и затворско обезбедување кое го надгледува секое негово движење,  а видео надзорот се спроведува со неколку камери.

Предвидено е да се изврши детален лекарски преглед на Палевски, кој еднаш дневно сам ќе има можност да шета во одредена отворена област поврзана со неговата ќелија, специјално дизајнирана за притвореници со висок ризик.

Екстрадицијата на Палевски заврши вчера откако тој во Скопје беше пренесен со редовна авионска линија Истанбул-Скопје. Од скопскиот аеродром, припадници на Одделот за меѓународна полициска соработка на Министерството за внатрешни работи, во конвој од четири цивилни возила, синоќа Палевски беше пренесен во скопскиот истражен затвор.

Палевски во Македонија е осомничен за киднапирање и двојно убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Од 6 декември минатата година тој е во бегство во Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ