недела, 17 ноември 2024

Поранешниот министер Сали и актуелниот Спасовски први ќе сведочат за случајот на Онкологија

Прв седнува поранешниот министер за здравство Беким Сали, а по него министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вели Рашела Мизрахи пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија што ја формираше Собранието за случајот на Клиниката за онкологија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пак вечерва во интервју за „360 степени“, прашан за случајот Онкологија, очекува дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме.

Објавено на

часот

Сподели

Мизархи посочи дека 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со Онкологија.

„Ние изготвивме листи на сведоци и до секоја пратеничка група и пратеник беше доставено писмено барање за листа на сведоци и листа на материјали кои би ги побарале институциите. Рокот денеска беше до денеска до 10 часот и доставија ВМРО-ДПМНЕ, Левица и СДСМ. Комисијата го задржува правото да доставува дополнителни сведоци кои ќе произлезат од сведоците. На барање на ВМРО-ДПМНЕ има 44 сведоци, а од Левица, само еден, тоа е Даријан Петров кој е дел од граѓанската иницијатива и организатор на протестите, а СДСМ има 27 сведоци. Во овој список има и бивши министри и оние кои биле на директорски позиции на други институции, не само на Онкологија. Од ФЗО се бараат Миле Гугарев, Фатон Ахмети, Ден Дончев, Ефти Насков, Орхан Рамадани, Стево Крстевски, Магдалена Грашковска и Цвете Серафимовски од списокот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мизрахи во денешното гостување на ТВ 24..

На прашање дали има информации за притисок или можно влијание, Мизрахи посочи дека сега за сега нема информација, но доколку се случи такво нешто ќе ја известат јавноста, бидејќи како што рече нема да дозволи никој да ја попречува работата на Анкетната комисија.

„Нема да дозволам никој на ниту еден начин, од ниту една партија да прави притисок на Анкетната комисија, бидејќи целта е една и единствена, да покажеме пред сѐ дека Собранието има поголемо значење од оној 1 процент доверба и да покажеме дека можеме да си ја завршиме работата“, додаде таа.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пак вечерва во интервју за „360 степени“, прашан за случајот Онкологија, очекува дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме.

„Јас употребив квалификации коишто се реални на сознанијата. Дали тие се тешки – да, тие се тешки. Дали тоа што се случувало е бескрупулозно – да, бескрупулозно е. Сметам дека се направени многу активности во рамки на истрагата“, рече тој.

Тој кажа дека има докази, и тие докази се во Јавното обвинителство, дел од тие докази сѐ уште се вештачат, земени се огромен број материјали, огромен број електронски уреди, направена е екстракцијата на сите материјали коишто се дел од електронските уреди.

„Тоа што е за вештачење во МВР, во делот на електронските уреди, ние ќе го работиме, тоа што е за вештачење со медицинската документација, ќе го работат стручните луѓе од медицината и веќе го работат“, рече Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ