недела, 27 октомври 2024

Поранешен американски претставник на Косово на судењето на Тачи: САД предвидоа дека Србите ќе мора да заминат кога НАТО ќе влезе на Косово

Поранешниот американски претставник на Косово Шон Бернс изјави на судењето на поранешниот лидер на УЧК Хашим Тачи дека САД во летото 1999 „предвиделе“ дека Србите ќе бидат приморани да заминат од Косово кога во покраината ќе влезе НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тачи е обвинет за злосторства против човештвото на Косово и во Албанија во 1998 и 99, заедно со Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи. Сите во тоа време биле членови на главниот штаб на УЧК.

Бернс, како претставник на Стејт департментот, тогаш ја предводел Косовската дипломатска набљудувачка мисија.

За време на вкрстеното испрашување на сведокот, бранителот на Тачи Лука Мишетиќ во судницата пушти снимка на која, непосредно пред влегувањето на западниот воен пакт на Косово во јуни 1999, портпаролот на Стејт департментот Кен Бејкон вели дека „Косово нема да биде среќно место за Србите кога ќе влезе НАТО“.

Бејкон изразил уверување дека „Србите не сакаат да останат таму, туку да се вратат во Србија“.

„Ние не знаеме колкаво е српското малцинство, веројатно околу 100.000 или малку повеќе, но кога косовските Албанци ќе се вратат, нашата претпоставка е дека многу Срби ќе се вратат во Србија“, кажал претставникот на САД пред новинарите.

На снимката се слуша и оценката на известувачот дека тоа звучи дека САД „ги охрабруваат Србите кои живеат на Косово да заминат“, што Бејкон го негирал, со тврдење дека „само предвидува“ што ќе се случи.

Коментирајќи ја таа изјава Бернс потврди дека „за жал“ и тој однапред очекувал дека Србите ќе мора да заминат.

„Предвидовме дека Албанците ќе спроведат одмазда кога ќе влезе НАТО“, кажа Бернс, сугерирајќи дека тоа било последица на претходната „цел на режимот на Милошевиќ да протера голем број Албанци“ за да оствари доминација на Косово.

Американскиот дипломат претходно на обвинителите им изјавил дека Србите биле подложени на „насилство мотивирано од одмазда“ по враќањето на Албанците и влегувањето на НАТО на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ