петок, 18 октомври 2024

Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“

Објавено на

часот

Сподели

Од 3 јули 2023 ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на регионалниот пат Струга – Дебар каде што ќе има целосно затворање на сообраќајот од 10 до 14 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8 јули 2023.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ