сабота, 2 ноември 2024

Помеѓу Вагнеровите платеници и руското нуклеарно оружје

Објавено на

часот

Сподели

Во поранешниот воен камп опкружен со елова и брезова шума, северно од Осиповичи, белоруската армија поставила повеќе од 300 големи шатори, но платениците на Вагнер сѐ уште не кажале дали сакаат да ги користат.

Кампот, во моментов населен само со комарци, покренува прашања за судбината на договорот што претседателот Владимир Путин го постигна за да ја избегне најголемата закана за неговото владеење досега.

Претседателот Александар Лукашенко му понуди на шефот на Вагнер, Јевгениј Пригожин, кампови, вклучувајќи го и оној во Тсал, иако тој во четвртокот рече дека Пригожин и неговите борци сè уште се во Русија. Нивните понатамошни планови се нејасни, посочува агенцијата Ројтерс.

Никој од Вагнер досега не го посетил кампот, изјави за новинарите вчера за време на турнејата генерал-мајорот Леонид Касински, соработник за идеолошки прашања на белоруското Министерство за одбрана.

„Вие новинарите не треба да се обидувате да направите сензација од ништо“, им рече Касински на странските новинари за време на обиколката на кампот, околу 90 километри јужно од главниот град Минск и околу 230 километри северно од украинската граница.

„Ова е летен камп наменет за тренинзи и вежби“, рече Касински. „Никој од Вагнер никогаш не дошол овде“, додаде тој.

Градот Осиповичи долго време се нишаше на брановите на европската историја. Некогаш дел од Големото Кнежевство Литванија, потоа на Руското Царство, им беше домаќин на болшевичките револуционери и беше окупиран од нацистичка Германија пред повторно да биде ослободен од Црвената армија за време на Втората светска војна.

Среде денешната војна во Украина, најголемата копнена војна во Европа од 1945 година, градот повторно е во канџите на немирите.

Источно од градот, зад шумата, се наоѓа таен објект за кој американската Централна разузнавачка агенција верува дека го посетил висок руски офицер за потенцијално поставување нуклеарно оружје, тврди Здружението на американски научници. Нивниот водечки истражувач за нуклеарно оружје, Ханс Кристенсен, во еден истражувачки извештај рече дека сè уште нема визуелни докази што укажуваат на постоење на активен објект за нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.

На прашањето за истражувањето што укажува дека објектот може да се користи за нуклеарно оружје, Каснински рече: Можеби ЦИА мисли така; Не знам на што се базира тоа.

„Никој никогаш нема да ви каже каде е стационирано тактичкото нуклеарно оружје – тоа треба да го разберете“, рече Касински.

Западно од Осиповичи има воена база во која беа забележани ракетни фрлачи со краток дострел Искандер способни да носат нуклеарни боеви глави, кои Русија ги пренесе во Белорусија во 2022 година. Искандерите се едно од возилата за испорака на нуклеарни боеви глави за кои Минск и Москва тврдат дека сега се во Белорусија.

На југот од градот има белоруска воена база.

Во градот има голема статуа на Владимир Ленин како храбро чекори кон комунистичката иднина, која сега е опкружена со аптеки, кафуле наречено „Младост“, супермаркет и банка. „Што ќе ни е Вагнер овде? Не гледам ништо добро во тоа што се тука“, вели Иља Петров, 50-годишен жител. „Не ни требаат такви другари, ниту војна. Ние сме мирен народ, мирна земја – но изгледа некои сакаат да нѐ направат целосно немирни“.

Друг жител, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителните политички прашања во Белорусија, изјави за Ројтерс дека е загрижен за осудениците што ги регрутира Вагнер со ветување за помилување доколку се борат во Украина.

Лукашенко во четвртокот рече дека Русија веќе распоредила тактичко нуклеарно оружје на негова територија и ги исмеваше западните шпиони дека го пропуштиле транспортот на боевите глави, кои, како што рече, не биле транспортирани по копно.

„Не треба да се обидувате тактичкото нуклеарно оружје да го претворите во хорор-приказна“, рече Касински.

„Не сакаме да се бориме со никого, но… ако некој на Запад се надева дека во случај на агресија против нас, ќе плачат само сопругите и мајките на Белорусија, тогаш е во голема заблуда.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ