петок, 18 октомври 2024

Полските земјоделци се закануваат дека ќе ги блокираат улиците кога Зеленски ќе дојде во Варшава

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски би требало да ја посети престолнината на Полска утре, за да изрази благодарност на поддршката од членката на Европската Унија во конфликтот со Русија.

Меѓутоа, полските земјоделци се закануваат дека ќе излезат на улиците со намера да го попречат овој настан.

„Владата во Варшава би требало да размисли за тоа“, кажа претседателот на здружението на земјоделци Замошча Марцин Собчук, и додаде дека се спремни „да ја расипат посетата“.

„Идеи има многу, но нема да зборувам за тоа“, кажа тој.

полска

Истакна дека таквата ситуација за Русија би била важен доказ за несогласувањата во западното единство.

Како дел од иницијативата на ЕУ, на украинскиот извоз на жито се укинати сите царини и квоти во 27-те членки на блокот за да се олесни транзитот на производите низ светот, вклучувајќи ја Африка, каде недостигот од храна предизвикува сериозни последици.

Меѓутоа, поголемиот дел од житото останува во источните членки на ЕУ, вклучувајќи ги Полска, Унгарија и Романија, што ги намалува цените во тие земји и поттикнува негодување на земјоделците.

Полскиот премиер Матеус Моравјецки кажа дека ќе побара од Европската комисија и државите членки повторно да воведат бариера за увозот на украински житарки, но полските земјоделци истакнуваат дека ништо не е направено.

„Мислевме дека премиерот нè сфати сериозно, но се покажа дека не е така“, кажа Собчук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ