четврток, 28 ноември 2024

Полскиот претседател: Крим е историски руска територија

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека не е сигурен дали Украина ќе успее да ја врати контролата над Крим, кој беше анектиран од Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој, како што истакна, верува дека би можела да ги врати Доњецк и Луганск.

Во интервјуто на каналот Јутјуб, Дуда ја повтори својата поддршка за Украина и ставот дека Киев мора да ја врати контролата врз целата нејзина територија за да ја одврати Москва од натамошна агресија, но на прашањето дали верува дека Украина навистина ќе успее да го врати Крим, тој рече дека му е тешко да одговори на тоа.

„Не знам дали Украина ќе го врати Крим, но верувам дека ќе ги врати Доњецк и Луганск“, рече Дуда, според Ројтерс.

Дуда истакна дека Крим бил историски долго време во рацете на Русија.

Изјавите на Дуда беа критикувани од пратениците на полската владејачка проевропска коалиција.

„Би сакал да го потсетам Дуда дека во нашата земја има градови кои ѝ припаѓале на Полска пократко отколку на која било друга земја“, напиша Роман Гиртич на платформата Икс, пратеник од Граѓанска коалиција, најголемата група во Владата.

На изјавите на Дуда реагираше и украинскиот амбасадор во Полска, Васил Звариќ, кој денеска на мрежата Икс напиша дека Крим е дел од Украина и ќе остане.

Звариќ изјави дека ослободувањето на Крим од Русија е заедничка задача на Украина и на „слободниот свет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ