вторник, 26 ноември 2024

Полска испраќа 10.000 војници на границата со Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Полска планира да испрати до 10.000 дополнителни војници на границата со Белорусија за поддршка на граничниот персонал, изјави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

„На границата ќе има околу 10.000 војници, од кои 4.000 директно ќе ја поддржат Службата за гранична контрола, а останатите 6.000 ќе бидат во резерва“, изјави министерот во интервју за јавното радио.

„Ја приближуваме војската до границата со Белорусија за да го исплашиме агресорот да не се осмели да нѐ нападне“, изјави Блашчак. Заменик-министерот за внатрешни работи Мачеј Васик во средата изјави дека Полска ќе испрати дополнителни 2.000 војници на границата со Белорусија.

Полска е сè позагрижена за пограничната област откако стотици платеници на Вагнер пристигнаа во Белорусија минатиот месец на покана на претседателот Александар Лукашенко и по бунтот предводен од нивниот шеф Евгениј Пригожин, пренесува Ројтерс.

Белорусија продолжува со воените вежби во близина на границата оваа недела, а претседателот Александар Лукашенко неколку пати изјави дека ги ограничува борците на Вагнер кои сакаат да ја нападнат Полска.

Полска, исто така, забележа зголемување на бројот на бегалци од Блискиот Исток и Африка кои се обидуваат да ја преминат границата во последните месеци.

Началникот на граничната полиција Томаш Прага изјави на почетокот на оваа недела дека 19.000 луѓе се обиделе илегално да ја преминат полско-белоруската граница оваа година, за разлика од 16.000 минатата година.

Полска изгради ограда на границата со Белорусија. Оградата има вградено електронска заштита.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ