вторник, 26 ноември 2024

Полнењето на Дојранското Езеро ставено на дневен ред на седница на Владата

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов на својот фејсбук-профил соопшти дека официјално од Општина Дојран, преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот за полнење на езерото и дека  е ставена на дневен ред на седница на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Тој преку објавата ги поканува граѓаните на најголемата еколошка акција за чистење на крајбрежието на Дојранското Езеро, која треба да се одржи задутре.

„ Да ја покажеме грижата за Дојранското Езеро, а со ова исто така да испратиме силна порака до надлежното Министерство за животна средина дека хидросистемот „Ѓавато“ мора да биде пуштен. Се надеваме на позитивен исход и разбирање. Затоа сите заедно сплотени без било какви поделби да го покажеме единството и да испратиме силна порака за нашиот бисер, Дојранското Езеро“, напиша Ангов.

Инаку, градоначалникот на Дојран одговорноста за нефункционирањето на хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро ја лоцираше во Министерството за животна средина и во повеќе наврати испрати барања во кои се наведува итноста за пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“.

Според денешните мерења на УХМР нивото на водата во Дојранското Езеро е 80 сантиметри под договорениот минимум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ