недела, 27 октомври 2024

Полјак шверцувал лекови, полицијата го фати и го уапси

Во близина на езерото Треска вчера попладне од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Сарај, бил приведен Л.В.П. полски државјанин, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Приведениот Полјак бил затекнат со патничко возило мерцедес, со полски национални ознаки, а при извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во Македонија, додека при преглед во возилото била пронајдена поголема количина на лекови во форма на таблети без соодветна документација за потекло и за нивен транспорт.

м

По документирање на случајот, се наведува во соопштението, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ