петок, 18 октомври 2024

Политико: Кина ги игнорира САД, замрзнати се контактите на високо ниво

Објавено на

часот

Сподели

Тоа вклучува обиди повторно да се закаже посета на Блинкен на Кина, како и да се договорат други посети на американски функционери и телефонски повик на претседателот Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг, кажал неименуван американски функционер за Политико.

Но Кина ги одбива таквите напори на САД, што е поврзано и со драмата околу синоќешната средба во Калифорнија на тајванската претседателка Цај Инг Вен и претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Кевин Мекарти.

„Она што беше обострана желба за стабилизирање на разнишаните односи стана многу повеќе вашингтонско форсирање и кинеско повлекување“, кажал изворот за Политико.

Пекинг е многу незадоволен од најавите за продажба на американско вооружување на Тајван и официјалните контакти за кои Кина вели дека ги охрабруваат тајванските елементи кои се залагаат за независност. САД имаат свои граници во дипломатските настојувања, а најочигледен пример за тоа е откажувањето на посетата на Блинкен. Меѓутоа, американските власти таа одлука ја нарекоа одложување на посетата и истакнаа дека не сакаат да ги прекинат односите со Кина. Пекинг, од друга страна, предупреди дека средбата Цај-Мекарти е неприфатлива ескалација.

Брзината и ентузијазмот со кој Кина ќе се ангажира во контактите на високо ниво со американските функционери ќе зависи од тоа како средбата на Мекарти и Цај ќе му биде претставена на светот.

„Ако посетата биде премногу официјална со Цај во улога на претседателка на држава за која Кина одбива дека постои, Пекинг би можел да ги залади односите со САД. Цај и Мекарти мора да го изведат тоа деликатно: да се покаже солидарност без да му се даде на Пекинг причина да претера во реакцијата“, пишува Политико.

Кина има тврд став и за телефонскиот разговор на Бајден и Си.

Советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливен им кажа на новинарите минатиот месец дека Белата куќа се надева дека ќе успее да договори разговор по 13 март и годишното собрание на кинескиот парламент. Кинеското министерство за надворешни работи истакна дека Пекинг не брза во закажувањето на разговорот на двајцата претседатели. Портпаролот на министерството Ванг Вебин изјави дека САД би требало да покажат искреност за американско-кинеските односи да се поправат.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби изјави дека САД сакаат да договорат разговор меѓу Бајден и Си преку телефон, како и дека сакаат да организираат посета на Кина на министерката за финансии Џенет Јелен, за трговија Џина Рајмондо и Блинкен. Кинеското министерство за трговија соопшти дека ги поздравува плановите Јелен да ја псоети Кина, како и дека се отворени за посета на Рајмондо, но не наведуваат кога тоа би можело да се случи.

Повремено има контакти на највисоките функционери на двете земји, но не во доволна мера за да може да се зборува за содржаен дијалог.

Саливан минатата недела разговарал со највисокиот кинески дипломат Ванг Ји, „и тоа е важен канал, но ретко се користи“ поради чувствителноста на таквата комуникација, забележа поранешниот државен функционер.

Политико потсетува дека кинески функционери го одбиле барањето на САД министерот за одбрана Лојд Остин да разговара со својот колега по епизодата со „кинескиот шпионски балон“.

Билатералната воена комуникација и понатаму е отежната, американските функционери сметаат дека причина за тоа е одбивањето на Пекинг да се ангажира со САД на развој на сигурни системи кои би помогнале во спречувањето инцидент во Јужното Кинеско Море да прерасне во воена криза.

Да се наведат Кинезите да останат во редовна, суштинска комуникација беше предизвик за владата откако Бајден ја презема должноста. Дури и кога постојат контакти, често тие даваат малку конкретни ефекти, што доведе до тоа американските функционери да сакаат контакти на повисоко ниво, особено со Си, заклучува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ