недела, 27 октомври 2024

Полицијата заплени марихуана вредна над 10 милиони евра

Од фирма во село Врапчиште, гостиварско, одземени се 4.341 килограми марихуана вредна над 10 милиони евра. Наведената количина е одземена по донесена Одлука на Владата за одземање на Одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на фирмата поради констатирани неправилности во работењето, информираа од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

 Марихуаната е сместена во Агенција за управување со одземен имот.

Од МВР посочуваат дека акцијата била спроведена од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од ОВР Гостивар и надлежен Јавен Обвинител од гостиварското ОЈО, по претходно издадена Наредба од гостиварскиот Основен суд.

„Во изминатиот период од страна на полициски службеници од Одделот за крими полиција и ОВР Гостивар во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели беше извршена вонредна контрола при што се констатирани бројни неправилности во работењето, за што од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар е поднесена кривична пријава според Законот за контрола на опојни дроги“, велат од МВР.

По донесувањето на одлуката на Владата, 4.341 килограми наркотична дрога марихуана е одземена и е  сместена во Агенција за управување со одземен имот.

„Министерството за внатрешни работи заедно со Комисијата од Министерството за здравство и во иднина ќе продолжи со контроли во правните лица кои поседуваат одобренија за одгледување на канабис за медицински цели со цел утврдување на евентуални неправилности во работењето“, потенцираат од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ