недела, 20 октомври 2024

Полицијата уапси струмичанец кој превезувал мигранти од Сирија

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 19:20 часот на регионален пат 1102 с.Прдејци – с.Смоквица од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Н.Г.(41) од Гевгелија, затоа што во патничко моторно возило „бмв 120“ со струмички регистарски ознаки, превезувал пет лица илегални мигранти од Сирија. Увид на местото на настанот извршила екипа од Регионален центар за гранични работи „Југ“, информираат од МВР.

Како што посочуваат од министерството, мигрантите се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ