недела, 20 октомври 2024

Полицијата ги враќала дома децата што по полноќ ги затекнала во парк во Прилеп, ќе следуваат пријави за родителите

Објавено на

часот

Сподели

„Притоа, беа извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, при што биле затекнати 13 малолетници без надзор на родител после 24.00 часот и тие биле предадени на нивните родители, по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Во Битола ноќеска околу 1.00 часот полициски службеници при СВР Битола во близина на „Јени Џамија“ ги затекнале лицата З.И., Ѓ.М., Љ.М. и С.Џ, сите од Битола, кои непристојно се однесувале на јавно места.  Тие биле лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци.

„Исто така, во угостителски објекти на подрачјето на Битола со инструмент фонометар била вршена проверка на јачината на бучавата, при што бил констатиран прекршок во угостителски објект во централното градско подрачје и ќе следува соодветен поднесок“, наведува МВР.

Од синоќа во 23.00 до утрово во 4.00 часот ваква контрола била извршена од полициски службеници на СВР Скопје, во угостителски објекти и казина на подрачјето на Центар, Кисела Вода и Аеродром, при што се извршени прегледи на 20 лица, а констатиран е еден прекршок од Законот за приватно обезбедување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ