недела, 20 октомври 2024

Полицијата фатила пијани малолетници по полноќ по кафеани низ Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од МВР, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Исто така, во Прилеп синоќа од полноќ до 4 часот од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Прилеп спроведена е акциска контрола во угостителски и други објекти за присуство на малолетници во нив.

За време на контролата во два угостителски објекти во Прилеп затекнати се 34 малолетници, а кај 11 малолетни лица било констатирано дека се под дејство на алкохол. За сите констатирани неправилности ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во Тетово и Гостивар откриени 11 прекршоци за точење на алкохол на малолетници.

Во спроведена акциска контрола во угостителски објекти на поширокото подрачје на Тетово и Гостивар, на 8 и 9 јули во периодот од 23 до 5 часот, полициски службеници од СВР Тетово откриле вкупно 11 прекршоци за точење на алкохол на малолетници и тоа пет во Тетово и шест во Гостивар, како и 18 останати прекршоци.

„Воедно во два угостителски објекти во Тетово, по извршено мерење со уред фонометар, констатирано е дека јачината на музиката е над дозволената законска граница. За сите констатираните неправилности на прекршителите ќе им бидат изречени соодветни санкции“, соопштија денеска од МВР.

Акциските контроли се спроведени во рамки на „Безбедно лето 2023“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ