понеделник, 28 октомври 2024

Полицијата фати 28 мигранти од Сирија, Египет, Индија и Палестина

Дваесет и осум мигранти од Сирија, Египет, Индија и Палестина биле пронајдени вчера во камион со скопски регистарски ознаки од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Југ. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 13:50 часот на крстосница за дојранското село Црничани, полицајците дале знак за запирање на товарно возило ман, но возачот продолжил со движење.

„Набргу, кај место викано Сува Река на подрачје на Богданци, возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 28 мигранти од Сирија, Египет, Индија и Палестина“, информира МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ