петок, 15 ноември 2024

Полицијата уапси тројца Турци, киднапирале сограѓанин од кого барале пари

Вчера вечер во Штип, полициски службеници ги уапсиле Ч.Т., Ј.Б.Т. и  Ј.Џ.Т., сите од Турција, со живеалиште во село Стар Караорман, Штипско.

Објавено на

часот

Сподели

Тие се сомничат дека претходно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е. од Турција, со живеалиште во Штип, во возило форд и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга.

„Од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ