петок, 13 декември 2024

Уапсени двајца мажи, едниот имал фалсификувана возачка дозвола, другиот возел кола барана од Интерпол

Вчера утро на граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го привеле Ф.Т. од Трново, со живеалиште во Австрија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана австриска возачка дозвола. Исто така вчера, но на граничниот премин Св.Наум, на влез во државата, полициски службеници го привеле Г.И. од Албанија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило мерцедес со албански национални ознаки, било предмет на потрага на Интерпол – Германија.

Објавено на

часот

Сподели

„Со Ф.Т. бил извршен службен разговор, по што бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Куманово за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител. Возилото мерцедес кој го управувал Г.И. од Албанија било одземено и предадено на испектори од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и за настанот бил известен јавен обвинител“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ