петок, 13 декември 2024

Скопјанка пријавила дека била излажана за околу 8.000 евра

Вчера попладне во СВР Скопје, 76-годишна жена пријавила дека била измамена за сума од 479.540 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, во периодот од февруари до 12 ноември 2024 година на социјална мрежа комуницирала со лице кое побарало од неа да купи мобилни телефони и да испрати пари за хуманитарни цели, по што парите ќе и бидат вратени.

„Како што е пријавено, таа во шест наврати купила шест мобилни телефони и преку брза пошта ги испратила на две лица од Гана и пуштила пари преку брз трансфер на пари на лице во Италија, но парите не и биле вратени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ