понеделник, 21 октомври 2024

Полицијата уапси тројца осомничени за убиството во Дебреше

Тројца осомничени се лишени од слобода набрзо по пријавата за убиство што се случи попладнево во гостиварското село Дебреше.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници од СВР Тетово попладнево лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денес во гостиварско Дебреше околу 17:15 часот.

„Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција ‘Обрач’ за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј. В. (31) и Љ.B.(32)“, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека е пронајдена и автоматската пушка за која има сомнеж дека е користена во убиството.

Првичните сознанија од местото на насатанот се дека починатиот Р.К. бил застрелан по претходна расправија околу паркинг. Двајца браќа, негови соселани пред трагичниот настан го чекале пред неговиот дом и го застрелале. Набрзо по убиството, со возило волво сторителите избегале.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ