петок, 18 октомври 2024

Полицијата приведе 10 лица откако пронајде дрога во автокамп во Охрид

Синоќа полицијата од Охрид ги приведе Т.М. (19), А.С. (18), Т.Ч. (28), Д.А. (23), К.С. (20), А.С. (18), Х.П. (18) и двајца малолетници, сите од Скопје. При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Објавено на

часот

Сподели

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ