вторник, 22 октомври 2024

Полицијата им изрече казни на 89 мотоциклисти во Скопје

Сообраќајната полиција ноќеска во Скопје им изрече казни на 89 возачи на мотоциклисти, најголемиот број од казните се за возење без возачка дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на изминатата вечер, во периодот од 18 до 1 часот по полноќ, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 46 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола, пет возеле со измината важност на сообраќајната дозвола…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ