понеделник, 21 октомври 2024

Полицијата фати и заплени 110 пакети криумчарена стока

Вчера околу 22:20 часот на локалниот пат во село Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило мерцедес спринтер со скопски регистарски ознаки во кое е пронајдена криумчарена стока.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на МВР, при извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација.

„Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол. Љ.И. од село Танушевци и Р.И. од село Визбегово се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во полициската станица Мирковци за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ