Ако забележите дека се чувстувате жедни или гладни почесто од вообичаено, дека имате заматен вид, вкочанетост или трнење на стапалата, чувство на замор, честа потреба за мокрење, како и појава на разни инфекции на кожата и исекотини и рани кои потешко зараснуваат, потребно е да се обратите кај вашиот лекар за контрола и проверка на нивото на шеќерот во крвта. Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување.
Доколку ги занемарувате ове симптоми, високото ниво на гликоза во крвта може да доведе до сериозни последици како:
- срцеви заболувања,
- мозочен удар,
- оштетување на нервите,
- оштетување на бубрезите,
- оштетување на кожата,
- нарушен вид,
- дијабетска кома и смрт.
Ризикот од настанување на овие состојби, може да се намали со регулирање на шеќерот во крвта, односно со негово нормализирање и балансирање.
Во овој поглед, подразбираме внимавање и регулирање на исхраната, потоа редовна физичка активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл.
Сето ова, може навистина позитивно да влијае, па дури и целосно да ја промени здравствената слика кај лицата со дијабет, а со тоа и да ги намалиме ризиците од посериозни компликации и причини за загриженост за нашето здравје.