вторник, 26 ноември 2024

Подолски објави фотографија од рудник, Роналдо и Меси не би го направиле тоа

Лукас Подолски неодамна објави крај на кариерата, а имаше и проштален натпревар во Келн каде беа и легендите како Матс Хумелс, Мануел Ноер, Ханси Флик, Пер Мертесакер и Јоаким Лев.

Објавено на

часот

Сподели

Откако заврши со фудбалските обврски, Подолски се врати во родниот град Гливице и објави интересна фотографија од рудник.

Подолски покрај фотографијата напиша: „Никогаш не заборавајте од каде доаѓате“.

Сликата предизвика многу коментари, а највпечатлив беше: „Роналдо, Меси, Винициус или Белингем ова не би го направиле. Подолски остана на земја, тој е еден од најголемите примери“.

Подолски во својата кариера играше за Келн, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Кобе, Анталијаспор, Горник Забрже, а најголем успех во кариерата му беше златото на Светското првенство во 2014 година со репрезентацијата на Германија.

Тој пред неколку години отвори синџир за донер во Германија и бизнисот одлично му оди. Подолски важи за човек кој и покрај парите никогаш не се одели од обичниот народ, па поради тоа посебно е почитуван од германската јавност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ