понеделник, 28 октомври 2024

Почнува скијачката сезона во Ски центарот Стрежево

Од денеска почнува скијачката сезона во ски центарот Стрежево со кој стопанисува истоименото јавно претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

Според востановената традиција, скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители на двата ски лифта, а вечер ќе има и ноќно скијање.

„Синоќа, со наша механизација и камиони од ‘Македонија пат’ овозможивме патот да биде прооден и проширен по интензивните снежни врнежи деновиве, а се исчисти и паркинг просторот наменет за посетителите на Ски-центарот Стрежево. Завршивме со уредување и обележување на постојните скијачки патеки, а ќе функционира и редарската служба. Нашиот скијачки центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски – терените#, изјави Методија Граматковски, генерален директор на ЈП Стрежево-Битола.

Ски центарот Стрежево, кој се наоѓа во атарот на Нижо Поле, подготвува богата програма за посетителите во претстојната скијачка сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ