понеделник, 18 ноември 2024
Собрание на Македонија

Почна расправата за уставни измени – предлогот е наш, поддржан од ЕУ и САД, рече премиерот

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Собранието Талат Џафери извести дека предлогот за измени на Уставот е доставен од Владата. Тој појасни дека одлуката за пристапување кон измени на Уставот се донесува со двотретинско мнозиство од вкупниот број на пратеници. Според Деловникот, рече, расправата може да се води во рок од десет дена. 

Потоа, Џафери му даде збор на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во име на предлагачот.

Ковачевски во своето обраќање најнапред нагласи дека станува збор за многу важна седница на парламентот од која се пристапува кон измени и дополнување на Уставот. 

„Тоа е резултат на одлуката на Владата од 18 јули кога одлучи дека има потреба од измени на Уставот со насоки за измени, прифаќајќи го предлогот на устаната комисија за измени. Ја презедов обврската да го елаборирам предлогот. Резултат е на целосно отворена експретска, јавна и политичка дебата, во широка постапка овозможивме сите фактори и граѓани да бидат запознати со содржината и целта на дополнувањето на Уставот, заедно со придобивките за државата. Јас и сите министри се водевме од идејата да ги понудиме аргументите и да побараме широко прифаќање на целта. Не одбивме дебата, ги зедовме предвид политичките и економските интереси за државата од ингеграцијата во ЕУ. Тоа е во интерес на државата, нацијата и граѓаните. во 1991 година граѓаните се изјаснија дека највисока цел е интеграција во европското семејство. И тогаш и сега влезот во ЕУ е најдобриот и интергенерациски, правен и политички интерес и процес. Сакаме држава со сите стандарди. Заедно со членството во НАТО, ние сме држава со сегашност и јасна иднина. Низ историјата знаеме колку се заложиле предците за создавање на цврст културен и јазичен идентите. Тоа што сме денес е вградено во Крушевскиот манифест, во АСНОМ, како и во првиот Устав од 1991 година и во Преспанскиот договор. 

с

Измените на Уставот има јасна цел – интеграција во ЕУ. Предлогот е наш, македонски, базиран на европскиот договор од 2022 година кога државата конечно ги отвори преговорите за членство. Предлогот е пишуван во Македонија, ги отфрлам тврдењата дека станува збор за странски предлог. Целта е да не каскаме или да стоиме во место, туку да чекориме кон ЕУ за полниоправно членство до 2030 година. Предлогот е наш, поддржан од ЕУ и САД, и е за наше добро“, рече премиерот Ковачевски.

Тој потоа нагласи дека и со членството во НАТО скептиците се убедија дека земјата стана посилна и побезбедна.

„Предложените интервенции во Уставот се однесуваат единствено на додавање на делови народи во преамбулата на Уставот во член 49 и член 78 од Уставот и ги наведе, бугарскиот и другите неколку народи кои се додаваат. Согласно ова, рече, се менува и составот на Комитетот за етнички заедници. 

„Се додаваат делови од народи, но недвосмислено е истакната примарната уставотворност на македонскиот народ, како и објективната уникатност и зассебност на македонскиот народ од другите народи, во тој контекст и од бугарскиот народ. Ниту се може ниту се сака, ниту е можно да се релативизира македонскиот народ. Дали е разумно да се мисли дека додавање на други народи го загрозува македонскиот народ? Ниту тоа може да се одрази врз државата. Уставните измени не загрозуваат ниту едно идентитеско македонско прашање. Тоа е целосно јасно и треба на сите да им е јасно. Денес, кога ќе ги погледнете улиците, гледате дека е мирно и дека граѓаните очекуваат умна и храбра одлука. Државата се гради како мултиетничка функционбална демократија која практикува европски вредности, општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички задници, односно граѓани. Се гарантира патот кон ЕУ. Гарантирањето на човековите права на сите е наша вредност, на нашето општесто. И тоа е важно и за Европа посебно денеска кога имаме соочување со нестабилност на европскиот континент. Препознатливи сме по тоа што произведуваме стабилност“, рече Ковачевски.

с

Тој додаде дека евопскиот пат се гради заради нас самите. Евроскептици има секаде низ Европа, но, рече Ковачевски, европската интеграција значи развој за државата. 

„Токму ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач. Најмногу од сите има инвестирано во држаата и овозможува раст на платите гарантирано во првите пет години од членстевото. Тоа е пазар од над 500 милиони жители. ЕУ е убедливо најголемиот донатор. Само преку ИПА програмата се вложени над 1 милијарда евра“, рече премиерот и наведе уште податоци и додаде дека европсаката помош ќе биде уште поголема.

Тој потоа рече дека лани започнаа преговорите со ЕУ на македонски јазик и рече дека скринингот е суштински процес кој треба земјата да ја направи посилна и поефикасна и дека е тоа во интерес на Македонија.

„Ако ја сакаме вистината, таа е единствената дека со измени на Уставот, се отвора патот кон ЕУ. Сега сме во завршницата на одлуките кога не смееме да згрешиме и да им потрошиме декади на граѓаните во чекање и исчекување. Бевме рамо до рамо до 2006 година со Хрватска. Но тие со паметни одлуки на политичарите отидоа во ЕУ и сега го имаат еврото. Наши политичари ја изолираа земјата. Тоа не треба да се повтори. Денес не смееме да заостанеме зад Албанија и Србија ниту за милиметар. Младите да ги задржиме. Тие не одат заради Уставот, туку заради потребата која е човечка, во семејството да живеат побогато, како нивните врсници во Европа. Јасно ми е дека немаме лесна историја. Имавме многу жртви, изневерени очекувања, со многу корупција. Дали сакаме така да продолжиме или кон подобар живот, правда и правна држава која не сме ја достигнале? Дали сакаме почиста држава и повеќе ред, повеќе одговорност од политичарите, бизнис олигарси или еднакви можности за сите? Една мајка или маќеа? Одговорите се кратки – Да! Треба за што пократко време да го достигнеме членството. Низ тој процес не губиме ништи, единствено иднината станува поизвесно подобра. Во овие наши животи да бидеме дел од ЕУ“, рече Ковачевски. 

Одлуките не се лесни, додаде, но некои, како што додаде, и натаму сакаат државата да остане енклава.

„Ни треба разум, визија и најмногу од се, чесна работа. Владата ја донесе одлуката. Таа веруваме е најдобра, таа овозможува финална шанса, спречува стоење во место, апатија, криминал и корупција. На потег е Собранието. Сите пратеници сте рамноправни. Со гласање за, сите ќе бидеме победници, со гласање против, сите ќе бидеме губитници. Граѓаните не сакаат пораз. Избори, избори ќе имаме догодина. Човечки апелирам на разум, чесност и водење од европски, а не лични мотиви. Денес е денот кога ќе стане јасно кој навистеина ја сака државата во ЕУ, а кој ја блокира иднината на денешните и идни генерации. Јасно ќе биде кој бега од одговорност од граѓаните. Денеска ќе се види дали дел од тие што беа против, ќе се одважат да гласаат за, заради граѓаните и државата. Да бидеме пример за државничко однесување“, додаде премиерот Ковачевски.

На крајот тој нагласи: Да живеат граѓаните, да живее европска Македонија.

                                                                                                  П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ