недела, 20 октомври 2024

Почна пријавувањето за трката Халк вело грин која ќе се одржи на 8 септември во Маврово

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8 септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка на Халкбанк – Halk Velo Green.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе почнато и истото ќе биде отворено најдоцна до 3 септември.

Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата.

И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: хоби, деца, и јуниори (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови.

Покрај самата трка која ќе започне од 10 часот, на просторот предвиден за старт и цел, ќе се одвива и богата забавна програма наменета за сите поддржувачи на спортот и љубители на планината. Програмата ќе биде исполнета со многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст, добра храна и дружба.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ