Непосредно по почетокот на мечот, играта беше прекината затоа што судијата доби информација дека на еден навивач на трибините му се слошило и тој колабирал. Откако на лице-место му била укажана лекарска помош, тој бил транспортиран во најблиската клиника, но на патот дотаму, ја загубил најважната битка.
FC Bayern in Trauer: Todesfall überschattet 1:0 gegen Lissabon.
Beim Champions League-Vorrundenspiel gegen Benfica Lissabon ist der 1:0-Sieg des FC Bayern aus einem traurigen Anlass in den Hintergrund gerückt. Ein medizinischer Notfall auf der Tribüne der Allianz Arena… pic.twitter.com/t5Pek9O4FC
— FC Bayern München (@FCBayern) November 6, 2024
„Баерн во тага, заедно со најблиските на починатиот. Смртта ја засени победата од 1-0 против Бенфика“, објави баварскиот клуб на социјалните мрежи.
Иако информацијата официјално беше објавена синоќа по полноќ, присутните на Алијанц арената веројатно знаеле што се случило бидејќи го немаше вообичаеното навивање, како и музиката во текот на полувремето.