понеделник, 21 октомври 2024

Почина 35 годишен маж од Дебреше, полицијата се сомнева дека е убиен

35 годишен маж од гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје па починал од здобиените повреди, информираше СВР Тетово. Две лица се осомничени дека пукале од автоматско оружје, а полицијата привела еден од осомничените.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Во СВР Тетово има таква пријава и полициски службеници се на терен. Според првичните сознанија, станува збор за убиство“, информираа од полицијата.

Две лица се осомничени дека пукале од автоматско оружје, а полицијата привела еден од осомничените. Според информациите од портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, околу 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.

„Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило волво со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со кое го извршил делото“, наведува портпаролот Реџепи.

Во тек се дополнителни мерки и увид за расчистување на случајот.

Дебреше е едно најнаселените села во гостиварската општина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ