Армијата утре прославува 31 година постоење, а по тој повод централната манифестација ќе се одржи на Воениот стадион во Скопје.
Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски утре за првпат ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од државата.
Ова признание кое за прв пат ќе се додели во нашата држава, а кое следува по донесената одлука на претседателот Пендаровски за описот, изгледот и материјалите од кои се изработува медалот, врз основа на Законот за одликувања и признанија, информираат од кабинетот на претседателот.
По повод одбележување на Денот на Армијата на Македонија утре во 9:30 часот, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, обраќање ќе има претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат и претседателот на Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Во склоп на прославата со воена церемонија ќе бидат соопштени укази за произведување во генералски чин, а од страна на министерката ќе се доделат и полковнички чинови на унапредени старешини во чин полковник.