„Основачите на СДММ денеска. Другарство, посветеност, визија. СДММ секогаш била движечка сила на СДСМ, движечка сила на прогресот. Има многу подмладоци, но само една е Младина“, пишува на Фејсбук.
Неодамна поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, беше на состанок со раководството на СДСМ, а кон фотографиите беше напишано дека станува збор за координативен состанок на стратешкиот тим. „Да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030 година“, беше напишано на објавата.
Другиот ден, како објаснување за новинарите, Ковачевски рече дека тоа била средба на партиски другари и додаде дека се работи за партија која е обединета со луѓето кои делат исти вредности. Тој нагласи дека „не му ја чува фотелјата на Заев“.
И, уште рече дека има исклучително добра соработка со Радмила Шеќеринска, во делот на совети зашто, како што оцени, таа се покажала искусна во меѓународната политика и во работа на програмите на партијата.
Дека имаат комуникација тој и Шекеринска потврда треба да е денешната фотографија сликана во Градски парк каде бројни функционери го посетија Националниот саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“.