сабота, 19 октомври 2024
Една средба две соопштенија

По ревизорите обвинителот Јовески отиде и во ДКСК за да ги уверува дека не планира да создава паралелни тела

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата, во рамките на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледаа можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка  Јовески оцени дека по потпишувањето на двостраниот меморандум за соработка, значително е подобрена соработката со Државната комисија за спречување на корупцијата, иако секогаш постои простор директната размена на информации и мислења за конкретни предмети дополнително да се олеснува.

Исто така, јавниот обвинител на членовите на ДКСК им ги презентираше активностите кои ги планира Јавното обвинителство во следниот период и состојбите и предизвиците со кои се соочува обвинителството во рамките на своето постапување“, се вели во кусата информација за медиумите.

ДКСК исто така информира за средбата, но содржината на соопштението не е иста и во извесна мера се разликува, а и се нагласува дека Јовески нагласил дека нема намера да создава паралелна институција за борба против корупцијата. Во соопштението на ДКСК се вели:

д

„Денес, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државната комисија за спречување на корупцијата, предводена од претседателката Билјана Ивановска, оствари работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.

Работната средба беше иницирана од страна на Јавниот одбвинител Љубомир Јовески со цел размена на идеи за интензивирање на соработката меѓу двете институции.

Обвинителот Јовески ја истакна неопходноста од интензивирање на соработката на сите надлежни институции потенцијајќи дека само на таков начин ќе се зголеми ефикасноста во борбата против корупцијата.

Притоа, Јовески појасни дека идејата на обвинителството не е да се создаваат паралелни институции со постоечките, туку да се подобри меѓуинституционалната координација и размена на информации во функција на борбата против корупцијата. Во таа насока, обвинителот Јовески информираше дека Јавното обвинителство веќе започнало со одржување на работни средби и со другите надлежни институции.

Претседателката Билјана Ивановска нагласи дека е невозможна ефикасна борба против корупцијата без заедничка и координирана активност на сите институции и опшествени чинители.

На средбата стана збор и за досегашната соработка на ДКСК и Јавното обвинителство при што заеднички беше истакната оценката дека по потпишување на Меморандумот за соработка подигнато е нивото на меѓусебната соработка.

На крајот на средбата, обострано беше искажана подготвеноста за продолжување и интензивирање на соработка што е во интерес на двете институции а пред се во интерес на граѓаните“.

Инаку, кога станува збор за релацијата обвинителство – антикпрупциска, многупати досега од ДКСК му беше забележано на Јавното обвинителство дека не постапува или бавно постапува по предметите по кои постапувале антикпрупционерите, а потоа му биле доставени на оввинителството, имајќи предвид дека ДКСК нема надлежност да обвинува, гони и суди. Исто така беше изразено мислење дека идејата на Јовески може да преставува вовед во паралелни институции, бидејќи државата ги има потребните институции и органи. 

д

Слични забелешки имаше и Државниот завод за ревизија, по чии наоди и сомнежи за криминал и корупцика во извештаите за работата на институциите и органите, ретко се постапува. Па така минатата недела на нивно барање, во зградата на ДЗР дојде Јовески за да ја објасни иницијативата за Национален фрот за борба против корупцијата и притоа ги уверувал ревизорите дека немал  намера да создава паралелно антикпрупциско тело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ